Гренланд

Трамп се откажа од царини, најави долг договор

22.01.2026 08:13

Трамп се откажа од царините и заканите околу Гренланд најавувајќи „долгорочен договор“ кој ќе обезбеди стратешки цели на САД...

Трамп се откажа од царините и заканите околу Гренланд најавувајќи „долгорочен договор“ кој ќе обезбеди стратешки цели на САД, пристап до минерали и блокирање на амбициите на Русија и Кина, со можни дополнителни американски бази и редефинирање на договорот од 1951 година, со согласност на Данска и НАТО. Деталите сè уште се финализираат.

„Тоа е договор што луѓето го прифатија со нетрпение, навистина фантастичен за САД, добива сè што сакавме, вклучително и вистинска национална безбедност и меѓународна безбедност. Ќе биде објавен наскоро. Сè уште е во тек, но е доста напреднат. Тоа е долгорочен договор И мислам дека ги става сите во навистина добра позиција, особено кога станува збор за безбедноста, минералите и сè друго“, изјави Трамп.

Шефот на НАТО, Руте, потврди дека разговорите се фокусирале на заштитата на Арктикот, а не на политичкиот статус на Гренланд. Во Брисел вонреден самит на ЕУ.