Средби во Москва и Давос во обид за мир
Рускиот челник го нагласи придонесот на Трамп во обидот за решавање на кризата и предложи околу 1 милијарда долари замрзнати руски средства да се префрлат во „Одборот за мир“ за Блискиот Исток, а останатите да се искористат за обнова по војната во Украина.

Во Москва средба на американските претставници Виткоф и Кушнер со Путин за мировните преговори за Украина. Рускиот челник го нагласи придонесот на Трамп во обидот за решавање на кризата и предложи околу 1 милијарда долари замрзнати руски средства да се префрлат во „Одборот за мир“ за Блискиот Исток, а останатите да се искористат за обнова по војната во Украина.
„Би можеле да испратиме 1 милијарда американски долари од руските замрзнати средства на Одборот за мир, преостанатите би можеле да се искористат за обнова на териториите погодени од борбите по склучувањето на мировен договор меѓу Русија и Украина“, изјави Путин.
Зеленски, пак, во Давос на средба со Трамп, кој изјави дека е уверен дека и Киев и Москва сакаат да го решат конфликтот.
