Иран

Техеран: 3.117 загинати во протестите

22.01.2026 10:29

Активистите, пак, тврдат дека бројката е многу поголема и достига речиси пет илјади.

Иранската државна телевизија објави официјална бројка од 3.117 жртви во неодамнешните протести, од кои 2.427 биле цивили и припадници на безбедносните сили.

За останатите не се дадени детали. Активистите, пак, тврдат дека бројката е многу поголема и достига речиси пет илјади.