Свет

Нов Зеланд: Свлечиште поклопи камп, има исчезнати луѓе

22.01.2026 12:08

Неколку лица се исчезнати по свлечиште кое уништи камп во северниот дел на Нов Зеланд, предизвикано од обилните дождови што ја зафатија земјата...

Неколку лица се исчезнати по свлечиште кое уништи камп во северниот дел на Нов Зеланд, предизвикано од обилните дождови што ја зафатија земјата. Спасувачките напори се во тек.

„Можам да потврдам дека станува збор за едноцифрени бројки. Прерано е да се шпекулира, свлечиштето се срушило врз базените во задниот дел на паркот“, изјави Тим Андерсон, полиција на Нов Зеланд.

„Пливав во базенот кога слушнав пукање на дрво и како целата земја се одлепува зад мене. Погледнав и видов огромно свлечиште како се спушта. Тоа беше најстрашната работа што сум ја доживеал“, изјави Сони Ворал, турист.

Уште двајца исчезнати се пријавени во друго свлечиште, а едно лице било однесено од поплавите