Израел

Нови напади во Либан и Газа

22.01.2026 08:19

Либан го осуди нападот како кршење на примирјето и таргетирање цивили.

Двајца загинати и 20 се повредени во израелски воздушни напади врз три села во јужен Либан за кои Тел Авив тврди дека се дел од инфраструктурата на Хезболах, вклучувајќи и складишта за оружје.

Либан го осуди нападот како кршење на примирјето и таргетирање цивили.

Во истовреме во Газа се пријавени 11 жртви во нов напад на Израел, меѓу кои две деца и тројца новинари.