Промоција на четири нови електронски услуги од ФЗО на националниот портал за услуги
Како што се наведува во заедничкото соопштение од Министерството за дигитална трансформација и од ФЗО, станува збор за три електронски услуги наменети за физички лица и една за правни лица...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, денеска ќе одржат прес-конференција по повод пуштање во функција на четири нови електронски услуги од ФЗО.
Како што се наведува во заедничкото соопштение од Министерството за дигитална трансформација и од ФЗО, станува збор за три електронски услуги наменети за физички лица и една за правни лица, коишто ќе бидат достапни на Националниот портал за услуги – uslugi.gov. mk. Прес-конференцијата ќе се одржи во Медиа центарот на Владата.
