Концерт „Јинг-Јанг“ во Македонската филхармонија
Концертот ќе се одржи под диригентската палка на Олси Кинами, а на програмата се увертирата од операта „Крадливата страчка“ од Росини, Концертот за виолина и оркестар бр. 1 од Паганини и Концертот за пијано и оркестар бр. 1 од Шопен.

Вечерва со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт насловен „Јинг-Јанг“, на кој како солисти ќе настапат виолинистот Теди Папаврами и пијанистката Маки Окада.
Концертот ќе се одржи под диригентската палка на Олси Кинами, а на програмата се увертирата од операта „Крадливата страчка“ од Росини, Концертот за виолина и оркестар бр. 1 од Паганини и Концертот за пијано и оркестар бр. 1 од Шопен.
Папаврами, еден од најценетите европски виолинисти, и Окада, реномирана пијанистка со меѓународна кариера, за првпат заедно ќе настапат со Македонската филхармонија пред домашната публика.
