УХМР

Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка

22.01.2026 09:13

Најниската измерена температура утрово била на Попова Шапка. Снежната покривка изнесувала 33 сантиметри. Најмногу дожд изминатите 24 часа имало во Гевгелија...

Најниската измерена температура утрово била на Попова Шапка. Снежната покривка изнесувала 33 сантиметри, информираат од УХМР.

Измерени биле-4 степени Целзиусови на Попова Шапка, -3 – Крушево, -2 – Маврови Анови, Берово, Тетово, Крива Паланка, -1 – Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Куманово, Битола, Штип, Кавадарци, 0 – Скопје-Петровец, Претор, Струмица, Велес, Охрид, Виница, Гевгелија, Демир Капија.

Снежната покривка до седум часот изутринава изнесувала 33 сантиметри на Попова Шапка, 15 – Маврови Анови, 13 – Битола, 8 – Ѓуриште, 7 – Крушево, 5 – Тетово, Штип, 2 – Берово, Претор, Струмица, 1 – Виница, Крива Паланка.

Најмногу дожд изминатите 24 часа имало во Гевгелија. Според податоците на УХМР, 14 литри на квадратен метар во Гевгелија, 8 – Струмица, Ѓуриште, 7 – Маврови Анови, 6 – Битола, Берово, 4 – Скопје-Петровец, Пожаране, Штип, Претор, Виница, 3 – Тетово, 2 – Крушево, Крива Паланка, 1 – Велес, Охрид, Скопје-Зајчев Рид, Тополчани.