Македонија

Синдикатот пријави 14 припадници на Армијата за злосториничко здружување и злоупотреба на службена положба

22.01.2026 11:41

Како што потврдија од синдикатот осомничени за злоупотреба на службена положба, злосторничко здружување и несовесно работење се 11 офицери и тројца подофицери...

Независниот синдикат на професионални војници поднел кривична пријава до Јавното обвинителство против 14 припадници на армијата за злоупотреба и предизвикана материјална штета врз буџетот на државата.

Како што потврдија од синдикатот осомничени за злоупотреба на службена положба, злосторничко здружување и несовесно работење се 11 офицери и тројца подофицери, меѓу кои командантот на Првата пешадиска бригада, командантот на Вториот пешадиски баталјон, по тројца вработени во Петровец и Штип и 6 членови на дисциплинските комисии во Штип.

Од синдикатот информираа дека против нив во моментов работат четворица генерали и дека во наредниот период и против нив до Обвинителството ќе поднесат соодветни пријави.