Виткоф: Постигнат е голем напредок во мировните преговори меѓу Русија и Украина
Виткоф смета дека создавањето на бесцаринска зона во Украина би претставувало „промена на правилата на игра“ за економијата на земјата. Американските претставници Виткоф и Кушнер денеска на средба во Москва со Путин за мировните преговори за Украина...

Постигнат е голем напредок во мировните преговори меѓу Русија и Украина, вели специјалниот пратеник на САД. Виткоф смета дека создавањето на бесцаринска зона во Украина би претставувало „промена на правилата на игра“ за економијата на земјата.
„Време е ова да се заврши. Мислам дека ќе го завршиме. Охрабрен сум и оптимист. Преговорите сега се сведоа на едно прашање, па така, ако двете страни сакаат да го решат ова-ќе го решиме. Тоа е мојот став“, изјави Стив Виткоф.
Американските претставници Виткоф и Кушнер денеска на средба во Москва со Путин за мировните преговори за Украина. Рускиот челник го нагласи придонесот на Трамп во обидот за решавање на кризата.
„Би можеле да испратиме една милијарда американски долари од руските замрзнати средства на одборот за мир, преостанатите би можеле да се искористат за обнова на териториите погодени од борбите по склучувањето на мировен договор меѓу Русија и Украина“, изјави Путин.
Зеленски пак, пристигна во Давос на средба со Трамп, кој изрази увереност дека Киев и Москва сакаат да го решат конфликтот.
