Грција

Две жртви во силното невреме што ја погоди Грција

22.01.2026 19:59

Силна бура со обилни дождови и ветрови што го погоди поголемиот дел од Грција одзеде два животи. Регионот Атика најтешко погоден...

Силна бура со обилни дождови и ветрови што го погоди поголемиот дел од Грција одзеде два животи. Регионот Атика најтешко погоден.

Се очекува моќниот вртлог денес да се движи кон исток. Властите остануваат во состојба на висока готовност.

И медитеранот зафатен од силно невреме кое предизвика сериозни поплави и разорни бранови во повеќе крајбрежни подрачја, особено на Сицилија.