Кривичен суд

Судскиот процес за „Онкологија 1“ продолжи со сослушување на сведоци

22.01.2026 17:31

Во обвинителниот акт стои дека со медицинските вештачења е утврдено дека кај 29 пациенти првообвинетиот применил очигледно неподобен начин на лекување и спротивно на тековните онколошки упатства, давал лекови од новите генерации на таргет лекови и имунотерапија со што тешко го нарушил здравјето на пациентите.

Судскиот процес против тројцата лекари онколози, меѓу кои и поранешниот директор на Клиниката за онкологија Нино Васев за тешко дело против здравјето на пациентите и несовесно лекување, во предметот „Онкологија“ 1 продолжи со сослушување на сведоци предложени од обвинителството.

Од тројцата сведоци кои беа на предлог на Јавното обвинителство двајца од нив се приклучија кон кривичниот прогон на обвинитетите, додека третиот во својот исказ истакна дека бил задоволен од лекарскиот третман на неговата сопруга.

Во обвинителниот акт стои дека со медицинските вештачења е утврдено дека кај 29 пациенти првообвинетиот применил очигледно неподобен начин на лекување и спротивно на тековните онколошки упатства, давал лекови од новите генерации на таргет лекови и имунотерапија со што тешко го нарушил здравјето на пациентите.

Другите двајца обвинети доктори се товарат за несовесно лекување на болните. Судењето ќе продолжи на 9-ти февруари со презентирање на медицинските вештачења кои се подготвуваа во Словенија и Србија.