Одбраната бара укинување на притворот за судијата Ристов
Oбвинителството и Kривичниот суд одлучуваат дали апелацискиот судија Ѓоко Ристов ќе остане во притвор. Oдбраната поднесе жалба за определената мерка. Случајот треба да биде аларм на будност на сите институции, да се зголеми контролата врз судиите, смета поранешната врховна судијка Вера Коцо...

Одбраната на судијата Ристов поднесе жалба за одредената мерка куќен притвор до Кривичниот суд. Се очекува мислење од Обвинителството, по неговото добивање Кривичниот совет во скопска единица ќе одлучува по жалбата. Според најавите најдоцна до утре ќе биде донесена одлуката. Реакција на случувањата и од Скопска апелација. Работата мора да тече непрекинато, а случајот велат нема да влијае врз работата на судот. Предметите на кои работел Ристов ќе бидат прераспределени преку АКМИС системот.
Поранешната врховна судија Вера Коцо, смета дека иако ова не е прв случај на криминално однесување на судија, сепак е аларм за поголема будност на сите институции, да ја зголемат контролата над работата на судиите. Ова според Коцо треба да биде поука за преостанатите судии, како да се однесуваат и постапуваат во предметите.
Според коалицијата „Сите за правично судење“ од 2020 па досега Судскиот совет постапувал за 20 судии, 10 разрешил, за 10 биле поведени дисциплински постапки. За корупција биле осудени тројца судии.
Викторија Милевска
