ИЈЗ: 2.062 случаи на заболени од грип во последнава недела
Во третата недела од 2026 година, во земјава се пријавени 2.062 случаи на заболени од грип и заболувања слични на грип, што е за 11,2 отсто помалку во споредба со претходната недела, информира Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Во периодот од 12 до 18 јануари, односно во третата недела од 2026 година, во земјава се пријавени 2.062 случаи на заболени од грип и заболувања слични на грип, што е за 11,2 отсто помалку во споредба со претходната недела, информира Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).
Во споредба со истата недела од минатата сезона, бројот на заболени е зголемен за 46 проценти, додека во однос на просекот од последните 15 сезони е намален за 6,9 отсто. Инциденцата е над прагот за средна активност, при што најмногу заболени се лица на возраст од 15 до 64 години, а највисока инциденца е регистрирана кај децата до четири години.
Најголем број случаи се евидентирани во Скопје, Тетово, Охрид, Битола и Куманово. Многу висока активност на грипот е забележана во Дебар, Охрид, Свети Николе и Кавадарци.
