Ќе се контролира уловената риба од концесионерите

10.09.2014 09:50

Kазни за концесионерите на рибте и доколку не ги почитуваат договорите. Тие ќе мораат секојдневно да доставуваат податоци за видот и за количеството на уловот...

Ќе се зголемува контролата на уловената риба дадена под концесија. Со закон  Министерството ќе добива дневни и месечни извештаи за уловената риба за стопанисувањето со рибниот фонд.

Постапка ќе почне од идната година, а со неа се предвидуваат и казни за правните лица кои манипулираат со договорите.

Во случај на непотпишување на договорот или негово раскинување, правното лице се исклучува од сите идни постапки за концесија во период од 3 години до трајно исклучување што ќе биде и јавно објавено од  министерството.

Методија Трајков