Кавадарци

Пожар зафати две хали од поранешниот дрвен комбинат во Кавадарци

22.01.2026 14:54

Огнот ја зафатил кровната конструкција, кавадаречките пожарникари интервенирале со девет луѓе и три возила. Нема повредени при интервенцијата. Увидот на полицијата треба да ги открие причините за пожарот.

Утринава околу 6,30 часот бил регистриран пожар во халите на поранешниот дрвен комбинат во Кавадарци, кои сега се магацински простор на текстилна фабрика. Нема повредени и првичните проценки на надлежните се дека нема голема материјална штета. До пладне огнот бил локализиран, а екипите на територијалната противпожарна единици од Кавадарци, останела на местото, за догасување на жариштата.

Кавадаречката пожарна интервенирала со девет пожарникари и три возила. Тие не дозволиле проширување на огнот на соседните објекти.

Пожарот ја опфатил кровната конструкција од халите. По гаснењето на жариштата, увид ќе изврши полицијата, за да се утврдат причините за пожарот.

Петар Печков