ЕУ останува будна за случувањата на Гренланд
Трамп откри рамковен план со НАТО за безбедноста на Арктикот, кој би бил од интерес за САД и земјите-членки на Алијансата. Деталите се финализираат...

ЕУ останува будна во врска со Гренланд. Лидерите, на вонредниот самит во Брисел тврдат дека извлекле лекции од колективната стратегија. Состанокот следуваше откако американскиот претседател Трамп се откажа од царините и од целосно преземање на Гренланд, најавувајќи договор за решавање на спорот со Данска.
„Во врска со Гренланд, очигледно сме во подобра позиција отколку што бевме пред 24 часа. Прво, имаше недвосмислена солидарност со Гренланд и Данска. Второ, цврсто стоевме на страната на шесте земји-членки на кои им се закануваа царини. Трета точка, многу активно се ангажиравме со САД на различни нивоа. Го направивме тоа на цврст, но не ескалаторен начин, а четвртата точка беше дека сме добро подготвени со трговски контрамерки и нетарифни инструменти доколку се применуваа царини“, изјави Урсула Фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија.
Трамп откри рамковен план со НАТО за безбедноста на Арктикот, кој би бил од интерес за САД и земјите-членки на Алијансата. Деталите се финализираат. Данскиот министер за надворешни работи, вели дека е време за соодветни преговори со САД.
