Министерот Муцунски на Вториот министерски состанок на Балканската платформа за мир во Истанбул
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на покана на министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан, ќе учествува на вториот Министерски состанок на Балканската платформа за мир, кој ќе се одржи во Истанбул...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на покана на министерот за надворешни работи на Република Турција, Хакан Фидан, ќе учествува на вториот Министерски состанок на Балканската платформа за мир, кој ќе се одржи во Истанбул. На состанокот е предвидено учество на министрите за надворешни работи од земјите на Западен Балкан.
Балканската платформа за мир е иницијатива покрената од министерот Фидан во 2025 година, со цел да придонесе за регионалниот мир, стабилност и благосостојба, преку заеднички пристап во изнаоѓање регионални решенија за регионалните прашања. Првиот министерски состанок во рамки на оваа иницијатива се одржа во јули минатата година, исто така во Истанбул.
