Рударството и годинава ќе расте!

10.09.2014 10:05

И годинава рударството ќе оди по нагорна линија. Концесионерството обезбедува доволно средства за развој на општините, а берзантските цени на минералите –сигурност на компаниите. Македонија има поголем потенцијал во оваа гранка. Ќе се работи и на поголемо искористување на геотермалните води...

Со повеќе од 150 активни рудници, 200 компании кои го преработуваат и пропдаваат рудното богатсво и 12.500 те вработени, рударството во македонија е третата индустриска гранка која ја развива  економија.  Сигурната продажба и стабилната берзансака цена на оловото, цинкот, бакарот и другите метали ја зголемуваат можноста за инвестирање. Експертите велат со поголема подршката од Владата оваа индустриска гранка би носела многу повеќе девизи во државната каса.

За да се дојде до нови рудници потребно е капитал, но потребна е и помош од страна на државата  за сите процдури и проблеми полесно се решаваат“, смета Николајчо Николов, претседател на Македонската асоцијација за рударство.

Приближување на македонската со европската законска регулатива во областа на рударството, но и пропишување на нормативи со кои ќе се зголеми безбедноста на рударите, ова се дел од моменталните актоивности на ресорното министерство. Од таму пак со најави и за  зголемена експлоатација и на македонското термално богатство.

Вредни за споменување се и минералните и термалните води кои во период на зголемување на оранжериското производство и зголемен развој на бањскиот туризам се се поатрактивни за инвеститорите“, рече Беким Незири, министер за економија.

Според статистиката минатата година во Македонија биле доделени 93 концесии за детални геолошки истражувања и за експлоатација, а отворени се и 530 нови работни места. Експертите сметаат, рударството и оваа година ќе има нагорна развојна линија.

Дијана Иванова