Продолжува судењето за „Онкологија 2“
Во Основниот кривичен суд – Скопје денеска продолжува судењето за предметот „Онкологија 2“, со вкрстено испитување на сведок од ФЗО.

Судењето за случајот „Онкологија 2“ денеска продолжува со вкрстено испитување на поранешен финансиски раководител во Фондот за здравствено осигурување, предложен од обвинителството.
Обвинети во предметот се поранешниот медицински директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и економскиот директор Нехад Нухи, кои се товарат за незаконско набавување лекови, фиктивни тендери и присвојување терапија во периодот од 2018 до 2022 година.
Сведокот на претходното рочиште говореше за буџетот за терапија, јавните набавки и порастот на долговите на Клиниката, посочувајќи дека значително зголемување било забележано кон крајот на 2021 година.
Васев и Нухи ја негираат вината и тврдат дека процесот е политички мотивиран.
