Кремљ: Територијалните прашања се клучни
Трамп вели дека и Путин и Зеленски сакаат да постигнат договор и дека сите прават отстапки за да се обидат да ја прекинат војната...

Рускиот претседател Путин се сретна со специјалниот пратеник на САД, Виткоф, и зетот на Трамп, Кушнер во Москва. На маса идниот статус на земјиштето во источна Украина кое во моментов е окупирано од Русија.
„Повторно беше кажано дека без решавање на територијалното прашање, едноставно потпирајќи се на формулата договорена во Анкориџ, нема надеж за постигнување долгорочно решение. Ние, како што нагласи Путин, сме искрено заинтересирани за решавање на украинската криза преку политички и дипломатски средства. Додека тоа не се случи, Русија ќе продолжи доследно да ги следи целите на специјалната воена операција на бојното поле“, изјави Јури Ушаков, советник за надворешни работи на Кремљ.
Трамп вели дека и Путин и Зеленски сакаат да постигнат договор и дека сите прават отстапки за да се обидат да ја прекинат војната.
„Имаше моменти кога Путин не сакаше да склучи договор, моменти кога Зеленски не сакаше да склучи договор. Сега мислам дека двајцата сакаат да склучат договор, ќе дознаеме“, изјави Доналд Трамп, претседател на САД.
Во исто време, дводневните трилатерални состаноци меѓу САД, Украина и Русија во Обединетите Арапски Емирати почнуваат денеска.
