ВЕНЕЦУЕЛА

Венецуела: Почна дебатата за нафтена индустрија

23.01.2026 16:42

Се предвидува со реформите да се создадат нови можности за приватните компании да инвестираат во нафтената индустрија и да се воспостави меѓународна арбитража за инвестициски спорови...

Законодавниот дом на Венецуела ја почна дебата за Предлог-закон за намалување на државната контрола врз нафтениот сектор. Се предвидува со реформите да се создадат нови можности за приватните компании да инвестираат во нафтената индустрија и да се воспостави меѓународна арбитража за инвестициски спорови.

„Нафтата под земја е бескорисна. Каква е користа од тоа да се каже дека имаме најголеми резерви на нафта на планетата ако условите, почнувајќи од блокадата и санкциите, па се до законодавството, спречуваат забрзан процес за зголемување на производството на нафта? Секој ден што поминува со нафта што не е извадена, е изгубен ден и количина резерви што никогаш повеќе нема да можеме да ја користиме“, изјави Хорхе Родригез, претседател на Национално собрание на Венецуела.

Ова е првата голема реформа откако поранешниот социјалистички лидер Чавез национализираше делови од индустријата во 2007 година. По апсењето на Мадуро, администрацијата на Трамп го засили притисокот врз привремената претседателка Родригез да овозможат поголеми инвестиции од американските енергетски компании во нафтената индустрија на Венецуела.