Ирак ги засили патролите по должината на границата со Сирија
Багдад е загрижен дека некои од затворениците кои избегаа од затворите во соседството би можеле да станат опасност за безбедноста на Ирак...

Ирак ги засили патролите по должината на границата со Сирија по неодамнешните тензии и нестабилност на сириска страна. Багдад е загрижен дека некои од затворениците кои избегаа од затворите во соседството би можеле да станат опасност за безбедноста на Ирак.
„Имаме наредби од нашите команданти и водачи да се справиме со највисоко ниво на точност и сигурност и да го почитуваме човековите права. Ако некој е вооружен, тогаш ги спроведуваме правилата за борба, а ако е невооружен, тогаш се справуваме со него во согласност со меѓународното право, за заштита на бегалците и слично“, изјави Бригаден генерал Али Рашид, командант на шестиот округ на ирачко-сириската граница.
Сириското Министерство за внатрешни работи соопшти дека околу 120 притвореници на Исламската држава побегнале од затвор, демантирајќи ги наводите на курдите дека околу 1.500 припадници на групата се на слобода. Претходно, армијата ги обвини Сириските демократски сили, инаку под водство на Курдите, за ослободување на милитантите.
