Предлог- законот за прекршоци пред пратениците, обезбедено двотретинско мнозинство за „Безбеден град“
Собранието денеска треба да гласа за измените на Законот за прекршоци, неопходни за старт на системот „Безбеден град“ од 1-ви февруари, при што поддршка најавија повеќе владејачки и опозициски партии, додека СДСМ нема да гласа поради сомнежи за заштитата на личните податоци…

Според најавите, денеска на собраниска седница треба да се гласа за измените на Законот за прекршоци, потребен за да може да профункционира системот „Безбеден град“, од 1-ви февруари.
По лидерската и состанокот на координаторите на пратеничките групи, поддршка има од ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ, како и од опозициските Левица и ДУИ, со што е обезбедено двотретинско мнозинство.
Опозициската СДСМ нема да гласа, поради како што изјави Филипче, сомнежи за можна злоупотреба на личните податоци. Неизвесен останува ставот на пратениците на крилото на Арбен Таравари, кои реагираа дека смс пораките од „Сејф сити“ не биле на албански јазик и дека казните се превисоки и насочени кон полнење на државната каса.
Од МВР посочуваат дека откако системот почна да се тестира, драстично е намален бројот на сообраќајни несреќи.
