Истанбул

Средба Муцунски- Фидан

23.01.2026 11:35

Потврдено и силното сојузништво во рамките на НАТО, како и заедничката заложба за стабилен и просперитетен регион...

На маргините на Вториот министерски состанок на Балканската платформа за мир во Истанбул, шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски оствари билатерална средба со Хакан Фидан, министер за надворешни работи на Република Турција.

Разговаравме за билатералните односи, економската соработка и инвестициските можности, како и за продлабочувањето на соработката во повеќе области од заемен интерес. Ја потврдивме одличната политичка соработка и традиционалното пријателство меѓу двете земји- објави Муцунски на социјалните мрежи.

Потврдено и силното сојузништво во рамките на НАТО, како и заедничката заложба за стабилен и просперитетен регион, поддршката во регионалните иницијативи и мултилатералната соработка.