ИРАН
Трамп: Голема американска флота е на пат кон Иран
23.01.2026 14:56
Голема група американски воени сили се движи кон Иран, потврди американскиот претседател. Трамп истакна дека и покрај растечките тензии на Блискиот Исток негова цел не е воена ескалација...

Голема група американски воени сили се движи кон Иран, потврди американскиот претседател. Трамп истакна дека и покрај растечките тензии на Блискиот Исток негова цел не е воена ескалација.
Се очекува носачот на авиони и други воени капацитети во наредните денови да пристигнат на Блискиот Исток.
Во последните недели, шефот на Белата Куќа постојано се закануваше со можна интервенција во Иран, но како што се намалија протестите во земјата предизвикани од економската состојба, така ослабна и неговата реторика.
