Ракомет

Во Борик по нов триумф

10.09.2014 10:28

Составот на Вардар со плејада врвни ракометари ќе биде магнет за навивачите што е најава за ракометен спектакл во салата Борик...

Ракометарите на Вардар со 2 победи на 2 натпревара ја почнаа одбраната на титулата во СЕХА регионалната лига.

Според квалитетот не би требало да имаат проблеми ниту на денешното гостување во Бања Лука каде што ги очекува шампионот на Босна и Херцеговина ,екипата на Борац, без оглед што во салата Борик вардарци ќе настапат без повредените Лацковиќ и Терзиќ.

Според тренерот Раул Гонзалес гостувањето на Борац е добредојдено пред дербито во Сеха кога идната сабора Вардар ќе му гостува на Веспрем и уште повеќе пред стартот во Лигата на шампионите.

За моќта на противникот се свесни во екипата на Борац, но се надеваат дека со помош на публиката која ја очекуваат во голем број и со добра одбрана ќе можат да му се спротивстават како што велат на еден од најдобрите клубови во Европа. Очекуваат дека составот на Вардар со плејада врвни ракометари ќе биде магнет за навивачите што е најава за ракометен спектакл во салата Борик.

Натпреварот Борац – Вардар почнува во 20 часот, а ќе можеме да го следиме низ пренос на собранискиот сервис на МРТ.