AEK

Во Агенцијата за електронски комуникации доделена лиценцата за трет мобилен оператор

23.01.2026 17:41

Во Агенцијата за електронски комуникации доделена лиценцата за трет мобилен оператор. „ОНЕ Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор ај џи“ ја доби дозволата откако го уплати еднократниот надомест за трите фрекфенциски опсези, што се доделуваа со тендерот на АЕК, во вкупен износ од 8.020.003 евра. Со тоа компанијата може да почне со работа.

Граѓаните очекуваат намалување на цените за мобилни услуги со крај на дуопол на двата мобилни оператора. ОНЕ – Македонија ја доби 5Г лиценцата, првите разговори преку третата мобилна мрежа ќе се реализираат во првиот квартал наредната година. На почеток ќе биде покриен само главниот град, до крајот на 2030 година, целата територија.

Сè уште не се знае кој ќе биде префиксот на третиот мобилен оператор.

До крајот на 2032-ра година се очекува секој граѓанин да има можност за пристап до интернет преку 5Г.

Од АЕК велат дека има фреквенција и за влез на 4 мобилен оператор доколку е потребно.

На 14-ти месецов од новата мобилна мрежа беа уплатени над 8 милиони евра еднократен надомест со што ги исполниле сите услови за да ги добијат трите одобренија.

 

Ана Јосифоска