Транспорт

Превозниците в понеделник со блокади на границите

23.01.2026 18:22

Македонските превозници в понеделник ќе блокираат девет гранични премини. Ќе им се придружат со седумдневен протест на колегите од регионот. Новите правила за влез и излез во земјите од Шенген-зоната и носат сериозна штета на домашната економија и ја намалуваат нивната работа. Бизнисот и власта чаре ќе бараат во Брисел.

Новите правила за електронска евиденција во земјите од Шенген-зоната создаваат сериозни проблеми за транспортерите и економијата, оти им се ограничува времето за престој. Претседателот на Стопанската комора Азески, предупредува на огромни штети врз стопанството, ако во блиска иднина не се реши проблемот. Вели, блокадите ќе донесат милионски загуби.

Превозниците неколку пати пратиле писмо до Европската Унија и бараат итно изземање од новите правила за професионалните возачи. Одговор, велат, сè уште нема.

Ако Брисел ги исполни барањата на превозниците, ќе има огромни придобивки за развој на економијата и во државата и во Западен Балкан, додаваат стопанствениците.

Македонските превозници в понеделник ќе ги блокираат 9-те гранични премини кон Бугарија, Грција, Албанија и Косово.

Ќе ги придружуваат и колегите од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, со што ќе ги паркираат камионите на границите, најавувајќи целосна блокада на товарниот сообраќај кон Европската Унија.

 

Борис Грујоски