Временска прогноза
Променливо облачно, претпладне со појава на магла
24.01.2026 08:42
Во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб, а вдолж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец...

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла по одделни котлини. Во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб, а вдолж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од-4 до 1, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.
Во Скопје, променливо облачно претпладне со појава на магла, попладне со сончеви периоди.
