Прилеп – лидер во селекцијата на отпадот
Додека се бележат почетните чекори за регионалната депонија во Југозападниот регион, Прилеп со селекцијата на отпадот, преку Собирен центар и фабрика за селекција е речиси подготвен за почетокот на работата на регионалната депонија. Колку отпадот е поселектиран, толку градот и жителите помалку ќе плаќаат…

Прилеп е лидер во селекцијата на отпадот. Во градот веќе стигнаа нови контејнери, канти за селекција во домаќинствата, а до јуни ќе стигнат и 9 возила преку проектот на Министерството за животна средина. Во моментов се работи на урбанизиран Собирен центар за отпад по европски терк. Таму граѓаните ќе го носат сиот отпад што не го собира претпријатието. Селекцијата е клучна за новата Регионална депонија.
Напролет ќе профункционира и Фабриката за селекција на отпадот кај постојната депонија. Во државава се потребни повеќе рециклирачки центри за да се откупува отпадот, па да се извезува.
Годишно, во Прилеп се собира околу 30.000 тони отпад, а околу 1.000 тони отпаден материјал се продава.
Елизабета Митреска
