Грипот во ек, зголемен број на пациенти во амбулантите
Зголемен број на пациенти со покачена температура, главоболки, болки во мускулите и сува надразнителна кашлица, бележат матичните лекари. И по стотина прегледи дневно, од кои најголем дел со симптоми на грип. Според податоците на ЦЈЗ Битола, третата недела од оваа сезона има зголемување за 59% во однос на втората. Додека пак за 6.6 пати повеќе од третата недела ланската година. Пикот се очекува на почетокот на февруари …

Грипот и акутните респираторни инфекции се во пораст, деновиве амбулантите на матичните лекари полни. Во просек дневно по околу 100 прегледи. Пациентите најчесто се жалат на покачена температура, главоболка, болка во мускулите и долготрајна сува надразнителна кашлица. Покрај грипот сè уште се присутни и гастроинтестинални инфекции, со гадење и н повраќање, кои траат ден два.
Битола е еден од градовите со средна активност на вирусот на грипот. Според информациите од ЦЈЗ-во третата недела од оваа сезона, бројот на пријавени случаи изнесува 139, што е за 6,6 пати повеќе од истата недела лани, кога имало само 21. Најголем дел од пријавените се деца до 4 годишна возраст.
Ланската година грипот го достигна пикот кон средината на февруари, кога неделно беа регистрирани и повеќе од 300 лица со грип и заболувања слични на грип. Оваа сезона пикот се очекува на почетокот на следниот месец.
Центарот за јавно здравје Битола оваа сезона со рекорден број од над 8.300 аплицирани вакцини. Дополнително ги информираат граѓаните дека сè уште располагаат и со бесплатни и со комерцијални вакцини.
Александра Максимовска
