Претседателот Иванов на ИКТ-конференции во Охрид

10.09.2014 09:32

Претседателот Ѓорге Иванов денеска во Охрид ќе се обрати на затворањето на 18та Меѓународна конфереција за достигнување во доменот на базите на податоци и информациски системи АДБИС и на отворањето на шестата меѓународна конференција „ИКТ Иновации 2014".

Конференцијата „АДБИС“ се одржува во различни земји во Европа и има цел да обезбеди форум каде што истражувачите и практичарите од областа на базите на податоци и информатички системи ќе разменуваат идеи и предлози и ќе ги дистрибуираат нивните достигнувања и визии.

Конференцијата „ИКТ Иновации 2014" е организирана од асоцијацијата ИКТ-АКТ, која обединува универзитетски професори по информатика и компјутерско инженерство од Република Македонија, и е поддржана од повеќето универзитети по информатика во земјава.

Главна тема на конференцијата оваа година се ИКТ-иновациите во светот на податоците.