Струмичани на протест го изразија револтот од високото ниво на аерозагаденост
Струмица и годинава го крева гласот против аерозагадувањето. Во организација на „Здрава котлина“ таму има протест во центарот на градот при што граѓаните бараат институционална грижа и откривање и санкционирање на загадувачите на амбиенталниот воздух …

Сакаме чист воздух, локалните и централните власти да превземат конкретни мери а инспекциите да бидат поагилни во откривање и санкционирање на загадувачите. Ова се дел од пораките на струмичани кои излегоа на протест бидејќи Струмица и оваа зима високо котира по штетните ПМ честички.
Организаторите на протестот прстот за загадениот воздух го вперија во институциите. Сметат дека никој сериозно не си ја гледа работата бидејќи загадуваат и домаќинства но и фирми и производствени капацитети.
Лабораторијата Амбикон при штипскиот универзитет лани направи истражување и посочи дека согорувањето биомаса е најголем загадувач на воздухот во Струмица.
Ване Трајков
