Фудбал- Квалификации ЕУРО 2016

Страдања на фаворитите

10.09.2014 10:56

Со главоболка „мундијалците“ Холандија и Босна и Херцеговина влегоа на патот со крајна цел учество ЕУРО 2016 година.

Со главоболка „мундијалците“ Холандија и Босна и Херцеговина влегоа на патот со крајна цел учество ЕУРО 2016 година.

Дербито со кое беше отворена квалификационата „А“ група мина во знакот на Чешка, која со 2:1 ја порази  Холандија. Во судиското надополнување Пилар ја искористи конфузијата во холандската одбрана за полн погодок против „бронзените“ од Бразил. Од ова друштво изненадувачки висок е поразот и на Турција на гостувањето во Рејкјавик. Исланѓаните победија со 3:0 и се наметнуваат како сериозен опонент во трката за првите две места.

„Маргиналците“ во оваа група Казахстан и Летонија одиграа нерешено 0:0.Сензационално е и страдањето на  репрезентацијата на Босна и Херцеговина дома против Кипар со 2:1.Мечот започна ветувачки, со гол на Ибишевиќ уште во 6-та минута.Но, Кипраните го имаа расположениот Кристоф, кој со два гола направи пресврт. Босанците ја  имаа сламката на спас во последната минута, но Пјаниќ не погоди од белата точка.

Од „Б“ групата се одигра и натпреварот меѓу Андора и Велс. Андора поведе, но со два погодока за конешни 2:1, резултатската сензација ја спречи Герет Бејл.Фаворитите од „Х“ групата ја постигнаа победничката стартна брзина. Италија во Осло ја порази Норвешка со 2:0, Хрватска со ист резултат славеше против Малта, а Бугарија дури во финишот со победнички  2:1 го преброди гостувањето во Азербејџан.