Политика

Социјалдемократите на 31.Конгрес на партијата

24.01.2026 16:18

31. Конгрес на СДСМ. Претседателот Филипче со критики до власта, и надеж до членството за обединување. Порача – ова е собир за спас на македонското достоинство …

Претседателот на партијата Венко Филипче даде отчет за сработеното. Го повика членството на обединување за спас на македонското достоинство. Критики кон власта и повици до членството на СДСМ дека нема простор за внатрешни поделби, упати денеска лидерот на социјалдемократите од 31. Конгрес на партијата.

Во своето обраќање, Филипче нагласи дека голата критика не е доволна и дека на граѓаните им е потребна конкретна алтернатива. Тој истакна дека СДСМ нуди нов пристап и поинаква политика.

Претседателот на СДСМ порача дека вратите се ширум отворени за секој чесен социјалдемократ, работник и интелектуалец.