31.Конгрес на социјалдемократите, изгласана доверба на сите партиски тела
Критики кон власта и пораки до членството на СДСМ дека нема простор за внатрешни поделби упати лидерот на социјалдемократите Венко Филипче, од 31.Конгрес. Кој мисли да биде тројански коњ на владејачката партија, да си оди, порача претседателот на СДСМ, a вратите се ширум отворени за секој чесен социјалдемократ, работник и интелектуалец. Изгласана е доверба на сите партиски тела.

Лидерот на СДСМ Венко Филипче е задоволен од денешниот партиски конгрес. Вели бил успешен, со конструктивна расправа, изгласана е доверба на сите партиски тела, заменик-претседател на партијата, централен и извршниот одбор.
На Конгресот се дискутирало и за членовите на партијата, поранешни функционери кои отворено го критикуваат Филипче и начинот на кој ја води партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Венко Филипче имал празен говор за отчет пред Конгресот. А за нив немало подобро решение од него, туку проблем е што тој е штетен за Македонија и нејзините интереси. Велат дека во обраќањето на партискиот конгрес, Филипче не објаснил зошто СДСМ е петта партија во Скопје, трета во Македонија.
Наташа Јанчиќ Менковски
