Снежна бура предизвика хаос низ САД
Речиси 4.000 летови беа откажани. Метеоролозите најавија дека снег, лапавица и замрзнат дожд, придружени со опасно ниски температури, ќе ги погодат источните две третини од земјата денес и следната недела...

Огромна бура почна да прави хаос во низ поголемиот дел од Соединетите Американски Држави, прекинувајќи ја електричната енергија и замрзнувајќи ги главните патишта. Речиси 4.000 летови беа откажани. Метеоролозите најавија дека снег, лапавица и замрзнат дожд, придружени со опасно ниски температури, ќе ги погодат источните две третини од земјата денес и следната недела. Екипите во некои јужни држави да работат на обновување на паднатите далноводи, во некои источни држави издадоа последни предупредувања до жителите.
На средниот запад беа забележани студени ветрови до минус 40 степени.
