Камерон ги повика Шкотланѓаните да не го напуштаат Обединетото кралство
Британскиот премиер Камерон ги повика Шкотланѓаните да не го напуштаат Обединетото кралство и да гласаат против независноста. Лидерите на најголемите политички партии лобираат во Шкотска за „не“ на референдумот за отцепување.
„Политичките лидери не се согласуваат за многу работи, но ако се согласуваме сите за нешто, тоа е дека на Обединетото кралство му е подовро да остане заедно“, рече премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон.

Камерон предупреди дека во прашање е иднината на Британија, а експертите стравуваат дека Шкотска може од исклучок да стане правило и отцепувањата да се прошират на Каталонија и на Квебек.