Транспортерите ги блокираат граничните премини
Протестот го организираат здруженијата на превозници, кои бараат решавање на проблемите поврзани со правилата за престој и работа на професионалните возачи во земјите од Шенген-зоната, како и подобри услови за меѓународен транспорт.

Денеска напладне транспортните превозници ќе го блокираат товарниот сообраќај на сите гранични премини во државава. Според најавите, камиони нема да бидат пропуштани, додека патничките автомобили и автобусите ќе сообраќаат непречено.
Блокадите ќе се спроведат на граничните премини со Србија, Бугарија, Грција, Албанија и со Косово. Протестот го организираат здруженијата на превозници, кои бараат решавање на проблемите поврзани со правилата за престој и работа на професионалните возачи во земјите од Шенген-зоната, како и подобри услови за меѓународен транспорт.
Најавено е дека блокадите може да траат неколку дена, доколку не дојде до договор со надлежните институции.
Новите правила за електронска евиденција создаваат сериозни проблеми за транспортерите и економијата.
Од македонската влада велат дека активно работат на изнаоѓање на решение на проблемот на превозниците.
