Македонија

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“ со сослушување сведоци

26.01.2026 08:39

Претходното рочиште беше одложено по барање на одбраната на поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џаферовски, поради изборот на неговата адвокатка за член на Судскиот совет.

Со сослушување на сведоци и законски застапници на оштетените, денеска во судницата во Идризово продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Претходното рочиште беше одложено по барање на одбраната на поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џаферовски, поради изборот на неговата адвокатка за член на Судскиот совет.

Обвинителството нагласува дека процесот треба да утврди лична и институционална одговорност за трагедијата, посочувајќи на долгогодишни системски пропусти и недостиг на контрола. Одбраната, пак, ја оспорува основаноста на обвинението и тврди дека трагедијата е резултат на институционални, а не индивидуални пропусти.

Пожарот во „Пулс“ избувна на 16 март 2025 година за време на концерт, при што беа активирани пиротехнички средства без дозвола, а објектот работел незаконски и без соодветна противпожарна заштита.