Вонредна состојба поради силно невреме во САД
Временските услови ги зедоа првите жртви во текот на викендот. Близу 200 милиони луѓе во 37 држави се под зимски предупредувања, додека вонредна состојба е прогласена во 23 држави од југ до североисток.

Милион домаќинства во САД останаа без струја поради зимска бура што ги парализираше источните држави со изобилни снежни врнежи и ниски температури. Временските услови ги зедоа првите жртви во текот на викендот. Близу 200 милиони луѓе во 37 држави се под зимски предупредувања, додека вонредна состојба е прогласена во 23 држави од југ до североисток.
„Вчера воопшто немавме сонце, па останав во камионот. Беше премногу ладно. Денес е многу подобро. Можам да го поднесам.“
„Го обожавам снегот, но студено е премногу.“
„Вчера немаше сонце и беше навистина ладно и нозете ми се заледија многу.“
Во исто време протестите продолжија во Минеаполис и други градови во САД. Граѓаните бараат претседателот Трамп, да ги отстрани федералните имиграциски агенти од градот по двете убиствата од страна на службата.
Министерството за внатрешна безбедност тврди дека агентот на граничната патрола пукал во самоодбрана откако човек со пиштол им се спротивставил на обидите да го разоружат. Убиениот маж беше идентификуван како Алекс Прети, 37-годишен медицински техничар кој работел во болницата за ветерани во Минеаполис.
