Собрание

Презентација на Програмата на кипарското претседателство со Советот на ЕУ пред собраниската Комисија за евроинтеграции

26.01.2026 10:09

Седницата ќе се одржи заедно со Националниот совет за евроинтеграции, а на неа се поканети и членовите на Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија...

Пред членовите на собраниската Комисија за евроинтеграции денеска во Собранието ќе се одржи презентација на Програмата и приоритетите за работата на кипарското претседателство со Советот на Европската Унија за периодот јануари – јуни 2026 година, која ќе биде претставена од амбасадорот на Република Кипар во Република Северна Македонија, Андреас Фотиу.

Седницата ќе се одржи заедно со Националниот совет за евроинтеграции, а на неа се поканети и членовите на Комисијата за надворешна политика и надворешна трговија, како и Мешовитиот парламентарен комитет РСМ–ЕУ.