Австралија го крева нивото на опасност од тероризам поради заканите на ИДИЛ

10.09.2014 11:08

Австралија планира до крајот на неделава да го крене нивото на опасност од тероризам на второ највисоко ниво поради заканите на ИДИЛ и нејзините поддржувачи.

„Средно ниво значи дека може да се случи напад. Ако го кренеме на високо, значи дека нападот е веројатен. Во моментов сме на многу високо средно ниво“, вели Дејвид Ирвајн, од Организацијата за безбедносно разузнавање на Австралија.

Австралиските власти стравуваат од младите под влијание на џихадистите кои одат на фронтовите, но планираат и домашни напади.