МВР
Лишен од слобода возач од неготинско, управувал возило под дејство на алкохол
26.01.2026 09:29
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик ...

Вчера во 23:30 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Р.А.(41) од с. Криволак, неготинско.
При сообраќајна контрола на бул. „Маршал Тито“ во Неготино е сопрено патничко возило „фолксваген пасат“ со неготински регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,81 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
