Обама денеска ќе ја образложи стратегијата за справување со ИДИЛ

10.09.2014 11:15

Американскиот претседател изјави дека има авторитет да ја прошири воената акција против Исламска Држава во Ирак и во Сирија без одобрение од Конгресот...

Претседателот на САД, Барак Обама изјави дека има авторитет да ја прошири воената акција против Исламска Држава во Ирак и во Сирија без одобрение од Конгресот.

Сепак, рече дека ќе побара од законодавниот дом да одобри вооружување на сириската опозиција, а Конгресот веќе изгласа средства што му ги стави на располагање.

Обама денеска ќе ја образложи својата стратегија за справување со ИДИЛ.

„Претседателот не размислува за сценарио на американска воена чизма во Сирија, но не планира ниту САД да дејствуваат сами во поддршка на умерената сириска опозиција“, изјави Џош Ернст, портпарол на Белата куќа.