Економија

Гувернерот на Народната банка на средба со претседателката Сиљановска-Давкова

26.01.2026 11:23

На средбата, како што информираат од Народната банка, гувернерот ги презентираше клучните макроекономски показатели и ја информираше претседателката за тековната макроекономска политика што ја спроведува Народната банка, како и за нејзината улога во одржувањето на ценовната и финансиската стабилност.

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, оствари средба со претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

На средбата, како што информираат од Народната банка, гувернерот ги презентираше клучните макроекономски показатели и ја информираше претседателката за тековната макроекономска политика што ја спроведува Народната банка, како и за нејзината улога во одржувањето на ценовната и финансиската стабилност.

Во тој контекст, беа разгледани ефектите од глобалните геостратешки и економски движења врз економијата на нашата земја, со осврт на тековните процеси во индустријата, трговијата и градежништвото.

Претседателката покажа интерес за актуелната економска состојба, при што беа разгледани позитивните трендови, но и потенцијалните ризици и предизвици со кои се соочува домашната економија.

Гувернерот оцени дека економијата е стабилна и бележи солиден раст, но нагласи дека е потребно внимателно следење на ризиците поврзани со увозната зависност, како и со движењата на цените на храната и енергијата.

Соговорниците се согласија дека стручните, компетентни и квалитетни човечки ресурси се клучен предуслов за ефикасното функционирање на Народната банка.