Сторија

„Македонско сонце“- книга која го скрши молкот за штипските Евреи

27.01.2026 10:20

Ефрат Алтарац низ страниците на својата нова книга ја оживува семејната историја и трагичната судбина на нејзината свекрва. Ова е повик до сите потомци на жртвите од холокаустот, да проговорат за минатото за да не биде заборавено. Една приказна за болката, но и за нераскинливата врска со родната грутка …

После 60 години тајната на македонската Еврејка од Штип, единствената што го преживеа холокаустот, е раскажана во „Македонско сонце“, книга што сведочи за непреболот на 8-годишната Рашела Сион и внатрешната борба да се сподели со семејството или да се молчи за да биде заштитено од нејзиното горчливо минато, од грдоста на холокаустот, вели авторката Ефрат Алтарац, нејзина снаа од син.

„Мислев дека е многу важно да им се каже на следните генерации за нивното семејство. Исто така имав надеж и верував дека можеби ќе најдеме некој преживеан од нејзиното семејство, и затоа сакав таа да зборува. Можеби има, но не најдовме“, вели Ефрат Алтарац, авторка на „Македонско сонце“.

Рашела низ годините го носела незадоволството, не само кон извршителите, туку и кон својата мајка на која не можела да ѝ заборави зошто ја оставила со своите сестри, а таа останала во монополот.

„Ја дала на нејзината сестраѝ рекла да го одведе детето надвор од кампот, само ја оттурнала. Таа имала само 8 години. Кога го напуштила кампот не знаела каде оди и зошто мајка ѝ ја оттурнала. Со години тоа ја прогонувало“, вели Алтарац.

Заради љубовта на нејзината свекрва кон Македонија, Алтарац и самата се чувствува како да е дома. Преку „Македонско сонце“ таа ги охрабрува сите што настрадале од холокаустот да проговорат, наместо да молчат.

Фиљана Кока