Новиот народен правобранител ја презеде функцијата
Новоизбраниот народен правобранител, Фатон Селами даде свечена изјава и ја презеде функцијата во време кога канцеларијата на Омбудсманот се соочува со сериозни проблеми во функционирањето. Тој рече дека негови приоритети се враќањето на довербата во институцијата, кадровско доекипирање, избор на заменици...

Функцијата ќе ја извршувам совесно, професионално и непристрасно, истакна новоизбраниот народен правобранител Фатон Селами. Тој денеска во македонското Собрание ја даде свечената изјава пред претседателот на Собранието Африм Гаши и истакна дека негов приоритет ќе биде враќање на довербата во институцијата Народен правобранител.
Ќе се соочи и со предизвикот кадровски да се доекипира институцијата, на чие чело шест месеци немаше прв човек.
Да работи во интерес на граѓаните, му порача претседателот на собранието Гаши. Тој му го честита изборот на Селами, поздравувајќи го фактот што функцијата народен правобранител беше одблокирана преку отворен дијалог во Собранието.
Селами доаѓа на местото на Насер Зибери, чиј осумгодишен мандат заврши пред половина година.
Марија Котовска
