Обвинителство

Истекува огласот за избор на нов државен јавен обвинител

26.01.2026 14:19

Досега, до Собранието, свои кандидатури поднеле четворица кандидати. Нивните имиња не ги соопштуваат од Собранието.

На полноќ истекува огласот за избор на нов државен јавен обвинител. Досега, до Собранието, свои кандидатури поднеле четворица кандидати. Нивните имиња не ги соопштуваат од Собранието.

Според огласот, право да се пријават имаат обвинители и судии кривичари со најмалку 10 годишно работно искуство. Секој од кандидатите ќе биде оценет од Советот на јавни обвинители кој списокот со имиња ќе го испрати до Владата. Таа ќе треба да одбере еден од позитивно оценетите и да го предложи на Собранието како кандидат за нов државен јавен обвинител.

За негов избор потребни се најмалку 61 пратенички глас. Постапката за избор на нов државен јавен обвинител почна со огласот што го распиша Собранието на 12-ти јануари годинава, со рок за пријавување од 15 дена од денот на објавувањето во „Службен весник“.